loading

СЕРВИС


Olympia Motors доо Скопје


Сервисниот центар е поделен на два оддели:

- механичарско – електричарски оддел
- каросериски оддел

 

Во делот на механичарско – електричарскиот оддел, применувајќи ги одличните аналитички способности и континуираното надоградување на знаењето, ја имаме можноста за брзо и точно дијагностицирање на потенцијалниот проблем. Нашиот обучен тим брзо и прецизно ги извршува поправките, а современите машини и апаратура се дополнителна гаранција за квалитетно завршена поправка.

 

- комплетни механичарски и електричарски услуги
- компјутерска дијагностика со тестер
- сервисирање на клима уреди
- продажба на оригинални резервни делови
- продажба на дополнителна опрема и accessories
- продажба на пневматици и балансирање на пневматици
- промена на сите видови стакла и шофершајбни

 

Во делот на каросерискиот оддел, се вршат висококвалитетни поправки на сите видовипатнички и комерцијални возила од брендовите кои ги застапуваме. Современата опрема и алат кој гопоседуваме овозможува лесна, брза и квалитетна поправка на моторните возила. Во склопот на овој одделрасполагаме со компјутерско мешање на бои кое овозможува да се произведат над 40.000 нијанси од различни бои за сите типови возила. Современа комора за фарбање и сушење на бојата овозможува возилото да биде офарбано без разлика на временските услови. Во соработка со водечките осигурителни компании во можност сме да извршуваме каросериски поправки за потребите на сите видови возила. Со безпрекорниот квалитет овозможуваме крајниот резултат да биде еднаков на оригиналниот изглед на возилото.

 


Квалификуваниот стручен кадар со долгогодишно работно искуство и во делот на механичарско – електричарскиот и каросерискиот оддел, го гарантира квалитетот на извршените задачи преку спроведување на завршна контрола на секое едно возило. Во континуитет испраќајќи ги искусните техничари во тренинг центрите на принципалот, се стекнуваат нови, поедноставни искуста и начини за поправка на новите модели, како и постојано учествување во специјализирани тренинзи за поправка на одредени компоненти.

 

ЗОШТО НИЕ?

 

1. ЗАТОА ШТО СМЕ:
o Информирани секој ден за сите новитети за кои дирекно не информира фабриката.
o Комплетни во водење на грижа за Вашиот автомобил. За Вашете возило креираме засебно досие каде што се внесуваат сите промени на истото, со што ке можеме правилно да ве советуваме, а вие да имате комплетна информација во секое време.
o Компетентни и Нудиме решенија за секој Ваш проблем или прашање.
o Домаќинска куќа која се грижи за вас, како за себе. За нас и еден денар се многу пари, па согласно истото пред секоја интервенција точно ве информираме за цената на поправката и се грижиме да не правиме непотребни дополнителни трошоци.
o Уверени и гарантираме за квалитетот на резервните делови. Исклучиво користиме премиум квалитет на моторно масло и течности и ве уверуваме дека соодветна градација се користи во секоја засебна компонента. Погрешен тип на моторно масло со неадекватна градација, може да предизвика сериозни последици.
o Грижливи за животната околина. Ги почитуваме правилата за рециклирање и правилно ги складираме останатите отпадни елементи.

 

ЗАТОА ШТО КАЈ НАС 1+1›2!

 

Со почит, OLYMPIA MOTORS



Оди на почеток